Општина Велес наскоро треба да биде една од четирите можни општини во Македонија која ќе добие сертификат за поволно деловно опкружување. Ова е проект кој започна да се реализира од мај годинава. Покрај Велес, со него се опфатени и општините Струмица, Штип и Струга. Целта на проектот е да се поттикне процесот на стандардизирање на локалниот економски развој и зајакнување на развојот на регионалната соработка заради подобрување на ефикасноста на општината во привлекувањето на инвестици. Покрај ова, тој ќе претставува и унифициран водич за пристап до сите потребни информации, услуги, инфраструктура и избор на место за инвестирање. Процесот за добивање на сертификатот веќе започна со посетата на евалуационата комисија, која треба да ги даде последните насоки на вработените во општина Велес.
Општина Велес наскоро треба да биде една од четирите можни општини во Македонија која ќе добие сертификат за поволно деловно опкружување. Ова е проект кој започна да се реализира од мај годинава. Покрај Велес, со него се опфатени и општините Струмица, Штип и Струга.
- Целта на проектот е да се поттикне процесот на стандардизирање на локалниот економски развој и зајакнување на развојот на регионалната соработка заради подобрување на ефикасноста на општината во привлекувањето на инвестици. Покрај ова, тој ќе претставува и унифициран водич за пристап до сите потребни информации, услуги, инфраструктура и избор на место за инвестирање - велат од Општина Велес.
Процесот за добивање на сертификатот веќе започна со посетата на евалуационата комисија, која треба да ги даде последните насоки на вработените во општина Велес. За време на дводневнатата посета, вработените во општинската администрација изнесоа аргументи со кои потврдуваат дека општината има изградено капацитети и успешно може да се претстави како општина погодна за инвестирање. Процесот на сертификација се планира да заврши во почетокот на 2013 година со што општина Велес треба да се здобие со Бизнис пријателска сертификација - Меѓународен печат за квалитет за Бизнис пријателски општини.
Инаку, проектот е финансиран од германската Агенција за техничка помош и е поддржан од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, Сојузот на стопанските комори, Министерството за економија и Агенцијата за странски инвестиции.